Кеба возел без дозвола – му се заканува затвор

Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба, кој деновиве удри девојка на пешачки премин во Белград, би можел да заврши во затвор. Иако девојката минала со полесни повреди, пејачот немал возачка дозвола бидејќи му е одземена поради сообраќајни прекршоци, па може да биде осуден на казна затвор. Поради казнените поени што ќе му бидат впишани дополнително, можеби ќе треба повторно да полага за нова возачка.

Според другарката на повредената девојка, пејачот воопшто не забавил кога се доближувал до нив, иако девојките веќе минувале преку пешачкиот премин. Олеснителна околност за Кеба е што алко-тестот бил негативен, но и што девојката нема сериозни повреди.

Scroll to Top