„Кога синот ми умираше мислев дека нема да издржам“- Oва бил најтешкиот момент од животот на Љубиша

Легендата на српската и југословенската кинематографија Љубиша Самарџиќ почина завчера а 81-годишна возраст после долга и тешка болест.

Животот не го мазел, но омилениот Смоки секогаш се издигнувал со крената глава и во најтешките моменти. Најсилен удар имал кога останал без синот Драган, кој починал на 34-годишна возраст од леукемија, но со помош на неговата сопруга Мирјана, која била неговата безрезервна поддршка, успеал да се избори и да продолжи понатаму.

-Кога Гаги замина, мислев дека нема да издржам и дека наскоро ќе ми дојде крајот, но сопругата ме тргна и ме натера да работам, бидејќи знаеше дека во тоа ќе најдам смисла за опстанок. Беше во право. Ние имаме несебичен однос и во работата и во животот, што е реткост за денешните бракови. Заедно сме посилни, успешно им одолеваме на лошите погледи – изјавил Љубиша Самарџиќ неколку години пред смртта.

Scroll to Top