Колку заработува жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Судбината на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и понатаму е неизвесна, но многуте проблеми на виделина извадија и многу тајни, меѓу кои и висината на хонорарите на членовите на жирито.

Вистинско изненадување за сите е дека единствено Драган Стојковиќ – Босанац добива хонорар за својата работа.

„’Гранд продукција’ не ги плаќа членовите од жирито затоа што за нив учеството во шоуто е најголема медиумска промоција, им се креваат популарноста и цената на настапите, се оживуваат нивните стари хитови, а продукцијата ги промовира и често им организира концерти“, вели неименуван извор за српски „Ало“.

Исклучок е Босанац, тој е единствен член од жирито што не е пејач и не живее од публиката, па медиумската промоција не му значи многу.

„Тој веќе со години не е активен како продуцент и аранжер, па Саша Поповиќ за него одвојува хонорар од 500 евра од емисија“, додал истиот извор.

 

Scroll to Top