Леонтина прв пат прозборе за љубовта со синот на Слободан Милошевиќ

Српската пејачка Леонтина Вукмановиќ, една од најголемите ѕвезди во 90-те години, конечно прозборе зошто на врвот на својата слава решила да се повлече од музичката сцена и прв пат по 20 години открива за нејзината тајна врска со Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

„Бев многу млада кога почнав да се занимавам со музика. Но, уште тогаш си имав ветено на сама себе дека ќе престанам да пејам кога ќе наполнам 30 години. Можеби вам тоа ви звучи премногу строго и необично, но мене тогаш, како млада пејачка ми било незгодно да ги гледам постарите колешки кои во трка за позиција на сцената прават работи кои не им доликуваат на нивните години, ниту на нивниот углед. Жената во години сепак мора да биде првенствено ошто жена“, вели Леонтина.

Од почетокот на својата кариера ја следи приказната дека на Марко Милошевиќ му ја посветила песната „Утеха“.

„Тоа сега првпат слушам. Нема ни тронка вистина во тоа, но не ме изненадува, бидејќи и луѓето можат да кажат се што ќе им падне на памет „, вели Леонтина која својот емотивен живот секогаш го држела подалеку од очите на јавноста.

 

„Не е најточно тврдењето дека го кријам својот приватен живот и партнерите, туку поголема вистина е дека немам потреба да зборувам во јавност за тоа. Детето е најубавата работа која може да им се случи на луѓето во брак, а јас со поранешниот сопруг имам задоволителен однос кога е Луција во прашање. Тука нема ни тајни, ни табуа“, вели Леонтина и додава дека нејзината ќерка имала од кого да ги населди талентите.

 

 

Scroll to Top