Лепа Брена ја избркала од дома идната снаа

Во домот на Живоиновиќ  пред неколку дена,  Лепа Брена ја избркала од дома девојката на нејзиниот посинок Филип, Александра Пријовиќ, пишуваат српските медиуми. Според пишувањата, проблемот  бил што  Филип ја запоставил својата кариера на фудбалски менаџер во Америка и одлучил да биде менаџер на неговата девојка, со која отворил ресторан во Белград и на тој начин ја уништил менаџерската  кариера.

„Филип живее малку кај Александра, малку кај Боба и Брена. Таа има 32 години и конечно треба да одлучи дали ќе се омажи и посвети на своето семејство и да најде сериозна работа и да почне да работи. Правило кај  семејството Живојиновиќ е дека сите треба да придонесат во домашниот буџет. Филип ја запоставил својата кариера поради Александра. Тој не ја продолжил лиценцата за фудбалски менаџер, што требаше да го направи на крајот на август“ – пишуваат медиумите, а раскажал извор со семејството.

Scroll to Top