Лепа Брена ja казни полиција, возела пијана

Фолк-пејачката Лепа Брена поднапиена се враќала дома кога била запрена од полицијата. Иако популарна, балканската ѕвезда при рутинската контрола не била поштедена од законот, па морала да направи алкотест, пишуваат српските медиуми. Поради неколку чаши вино, фолк-пејачката добила казна од 15 илјади динари и три месеци одземање на возачката дозвола за Б-категорија. Брена ја платила казната.

Scroll to Top