Лепа Брена наполни 57 години

Балканската фолк ѕвезда Лепа Брена го прослави 57-иот роденден на свадбата на својот колега Горан Бабиќ. Таа на свадбата добила огромна торта на која е пресликан нејзиниот лин, како изненадување, за кое освен младенците никој друг незнаел. Тортата и ја донеле на полноќ.

Брена била трогната со овој гест,  па освен што им се заблагодарила на младенците и гостите  на свадбата отпеала нешто од своите хитови.

„Неможам да најдам вистински зборови да се заблагодарам, одамна не ги славам родендените“, рекла Брена пред да запее на свадбата.

Scroll to Top