Лепа Брена објави селфи со синот – Сите и порачаа дека се исти

Лепа Брена уживаше во семејниот ручек со сопругот Бобан и синовите Виктор и Стефан.

Лепа Брена со Виктор Живојиновиќ уживаше во новоотворениот ресторан на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ „Три точки“, од каде ја објави и нивната заедничка фотографија.

Брена и Виктор позираа насмеани, а фотографиите предизвикаа големо внимание, па фановите на пејачката во коментарите го изразија своето воодушевување.

Меѓу останатото, порачаа дека мама и синот се исти, а оние другите напишаа дека се цар и царица.

 

Изгледа дека летниот одмор и тоа како и легна на Брена и нејзиниот наследник, а како по одразот на очилата на пејачката се чини, во прашање бил семеен ручек, на кој присуствуваа Боба и Стефан.

 

Scroll to Top