Љубовта кон Аркан нема да се повтори

Цеца Ражнатовиќ и покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година го изговориле судбоносното „да“, а доколку Аркан не настрадаше трагично, тој и пејачката овој месец би прославиле 23 години брак.

Цеца за првпат на социјалните мрежи се потсети на тој ден објавувајќи нивна заедничка фотографија. Венчавката се планирала со месеци, а таа сакала да биде вклучена во секој детаљ од организацијата.

„Тој ден се планираше со месеци, а јас немав мир додека не бев известена за секој детаљ. Сè сакав да знам, за сè прашував. Сето тоа беше изведено според традиционалните српски обичаи. Да бидам искрена, за некои од обичаите до тогаш немав слушнато. Бев возбудена, буквално цела ноќ не можев око да склопам. Имав 22 години, а стоев пред олтар со човекот кого го сакав најмногу на целиот свет. Мислев дека тој е целиот мој свет. Сè беше како вистинска бајка. Жељко водеше сметка сè да биде според планот, додека со сестра ми се грижев околу деталите“, раскажува Цеца.

Од смртта на Аркан минаа 18 години, а Цеца тврди дека таква љубов за сите тие години не се повторила.

„Таква љубов во мојот случај никогаш нема да се повтори. Жељко за мене беше центар на светот и сè на оваа планета. Знаеше да се шегува со мене дека сум дебела, иако во тој период бев слаба, но тоа ми беше забавно. Секој наш момент беше полн со љубов, среќа и насмевки. Чувството дека некој те сака со целото срце и подготвени сте со него да бидете целиот живот на пуст остров е нешто што се доживува еднаш во животот. Не дозволуваше ништо да ми фали. За сè се договаравме и зборувавме, се случуваше јас млада и помалку животно искусна бурно да реагирам, но тоа него го забавуваше“, открива пејачката.

Како што вели, таа рана никогаш нема да зарасне.

„Жељко денеска во моето срце има посебно место. Да бидам искрена, тоа е рана што никогаш не зараснала и секој спомен на него ме враќа на моментите кога бевме заедно. Сега знам дека тогаш не сум ни била свесна колку сум среќна. Солзите не можат да ги излечат длабоките рани што останаа на моето срце. Колку беше таа љубов голема, толку по неа остана огромна тага“, искрено раскажа Цеца.

„Една работа од неговата смрт, поточно од денот кога го убија, никогаш не се смени. Секогаш кога ми е тешко помислувам на него. Така беше во секој тежок момент. Секој својата болка ја носи на свој начин, а јас мојата ја победив со споменот на него и чувањето на тоа чувство што тогаш го имав“, завршува Цеца.

 

 

 

 

 

Scroll to Top