Македонскиот актер Ертан Шабан и Дилара од „Парампарче“ добија ќерка

Македонскиот актер со турско потекло, Ертан Шабан, и неговата сопруга, актерката Ербу Озкан, добија ќерка. Девојчето го добило името Биричик, што во превод од турски значи „Единствена“.

Ертан долги години работи на филмски и телевизиски проекти во Турција, а пред две години се ожени со популарната турска актерка.

Шабан во Македонија е најпознат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, а Ебру по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“ и по улогата на Дилара во „Парампарче“.

 

Scroll to Top