Малиот Дејан ќе биде погребан покрај дедо му Бора Тодоровиќ

Трагично починатото момче Дејан (3), синот на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, кое вчера во текот на сонот ненадејно го напушти овој свет, ќе биде погребан покрај дедо му, бардот на српското актерство, Бора Тодоровиќ.

Малиот Дејан ќе биде кремиран в сабота на 23 декември во 16 часот на белградските Нови гробишта.

„Ние сме агностици и нашиот син ќе биде кремиран“, објасни неутешната мајка на момчето. Таа додала дека обдукцијата покажала дека Дејан починал на целосно мистериозен начин. Немало труење ниту, пак ,срцето му прекинало, а не станувало збор ни за некаква болест.

И на докторите им е енигма како настанала изненадувачката смрт, нагласува скршената Ана Тодоровиќ.

„Бебето ќе заспие, па ќе се задуши, но тој има три и пол години и реагира ако не може да дише, ќе се помести“, говорела Ана низ солзи.

Инаку, ова е трета смрт што во последните неколку години го има погодено семејството Тодоровиќ. Прво, пред три години Жика останал без татко му Бора Тодоровиќ, кој исто така починал ненадејно, а минатата година во август починала и неговата тетка, големата драмска уметница Мира Ступица.

Тригодишниот Дејан починал во сон од синдромот изненадувачка смрт кога по контролниот преглед кај лекарот, се вратил дома, каде што бил легнат во кревет. Два часа потоа, бил пронајден со помодрени усни.

 

Scroll to Top