Малку познати детали за љубовната приказна на Ана и Швајни

Веста дека семејството Ивановиќ – Швајнштајгер стана побогато за уште еден член, синот Лука, ги воодушеви многумина. Гордите тато и мама својот наследник го донеле дома, а Ана сподели емотивна фотографија со синот.

Сепак, почетокот на љубовта меѓу нив бил бурен, а таблоидите се насладувале со деталите.

Емоциите победиле, а на фотографиите подоле можете да забележите некои од деталите од нивната љубовна приказна и зошто истата е една од најубавите кај јавните личности.

Како круна на нивната љубов го добија Лука.

Ги запознала ќерката на Светислав Пешиќ, Ивана, во 2015 година.

Венчаницата на Ана во Венеција во 2016 година чинела само 275 евра, а ја креирал дизајнерот Паркел Фарал.

Германските медиуми не ја сакаат премногу Ана затоа што сметаат дека таа ја растурила врската на Швајни со Сара Брандер.

Бастијан поради Ана ги обожава српските кафеани.

Look who is back in town! ❤️ @bastianschweinsteiger

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on

Надимакот што си го даваат еден на друг е „душо“ изговорен на српски јазик.

Информацијата дека Ана е бремена стигнала од соблекувалната на Чикаго Фајер затоа што Бастијан не можел да ја премолчи пресреќната вест.

Сега семејството и Лук им се на прво место.

Scroll to Top