Марија Шерифовиќ го згрижила татка си бездомник

Српската пејачка Марија Шерифовиќ долги години не разговарала со татка си, хармоникашот Рајко Шерифовиќ, но неодамна тие се смириле. Тој за српските медиуми раскажал дека Марија му изнајмила стан под кирија и го спасила да не живее како бездомник и да не смрзне.

Рајко и Верица, мајката на Марија, се одамна разведени, а според него, Верица го исфрлила од семејниот дом кој бил негов.

„Да не ме најдеше Марија, ќе морав да ја поминам зимата како бездомник. Седнавме, разговаравме, сфатив дека таа нема ништо со постапките на нејзината мајка. Ми изнајми стан, плаќа кирија, ми дава по малку пари. Се гледаме повремено, колку што можеме“, рекол Рајко.

Scroll to Top