Маринко Роквиќ: Не може да се сакаат повеќе внуците од децата

Српскиот пејач Маринко Роквиќ деновиве предизвика бројни реакции со својата изјава дека внуците не се сакаат исто колку и децата. Тој има три сина и четири внуци.

„Тешко е да се опише љубовта кон внуците додека не се почувствува. Не ги разбирам луѓето што велат дека внуците се сакаат повеќе од децата. Тоа не е ист вид љубов. Жал ми е што немам повеќе време за внуците. Не живееме заедно, ретко се гледаме. Токму затоа сметам дека внуците не може да ги сакам повеќе од своите деца“, рекол Маринко во едно скорешно интервју.

Scroll to Top