„Ме нагрдија пред детето па ми честитаа што го убив Аркан” – детали за апсењето на убиецот

Драган Николиќ Гаги го продолжи сведочењето за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тој изјави дека откако пукале во него, морал веднаш да побегне, а на 15 април 2003 година, по криењето и живот во бегство, бил уапсен во спектакуларна акција.

– Слушнав експлозија, застанав пред тригодишната ќерка. Ја погледнав искршената влезна врата, па направив сè само за да ја заштитам неа. Ги видов Кобрите како влегуваат во станот. Ме нагрдија пред детето. Видов надвор пожарникари и брза помош облечени како бездомници, па веднаш сфатив дека во околината има полиција. Бев целосно опколен. Ме однесоа во полиција, а таму командантот кој ме уапси ми честиташе за убиството на Аркан, вели Гаги.

Гаги претходно откри дел од деталите за убиството на Аркан.

Scroll to Top