Мелек од серијата „Мајка“ е омиленото дете актер во Турција

Берен Гокилдиз има само осум години, но во Турција е вистинска ѕвезда. Еднакво е популарна и на нашите простори, а симпатиите ги собра со серијата „Мајка“. Турските медиуми пишуваат дека малото девојче глуми подобро од повеќето возрасни турски актерки и дека и најтешките сцени ги доловува уверливо и маестрално како никој друг на нејзина возраст.

Берен е родена на 20 септември 2009 година. Оди во второ одделение, но не сака математика, а мачи мака и со англискиот јазик. Но, вели дека сака да го научи за да глуми во американски филмови кога ќе порасне. За среќа, учителите имаат разбирање за нејзината работа во серијата „Мајка“ и ѝ признаваат дека ја гледаат само поради неа.

Како и секое дете на таа возраст, Берен најмногу сака да црта и да си игра.

Но, и покрај тоа што има неверојатен талент за глума, сепак, би сакала да биде гимнастичарка или пливачка.

 

Scroll to Top