Милан Станковиќ ја покажа новата девојка

Српскиот пејач Милан Станковиќ со години го криеше својот приватен живот од јавноста. По раскинувањето со Рада Манојловиќ, освен најблиските, никој не знаеше дали има некоја личност во неговиот живот. Тој конечно реши да го прекине молкот и објави фотографија од летување со девојка на која не ѝ го открива името.

 

Покрај фотографијата напиша „Таа е виновна“, што, од друга страна, звучи и како наслов на песна, па останува да видиме дали Милан има нова девојка или само снимал нов спот и ѝ го најавува на својата публика.

Scroll to Top