Милена Дравиќ гаѓала новинарка со апчиња поради глупаво прашање

Српската актерка Милена Дравиќ својата прва улога ја имала на 16 години, снимила над 90 филма, многубројни ТВ-емисии и театарски претстави. Таа има богата биогафија, но и анегдоти што секогаш се интересни за слушање.

За време на поранешна Југославија, Дравиќ присуствувала на Филмскиот фестивал во Кан. Славната актерка тогаш се дружела со Џек Николсон, Џон Ленон и со Јоко Оно. Во Кан ѝ пришла една американска новинарка и ја прашала: Дали вие Југословенките знаете за апчињата за контрацепција? Ова прашање ја разбеснило Дравиќ.

„Во друштво на Никослон и Ленон јас добивам такво прашање. Тие денови имав главоболка. И, наместо одговор, ја отворив чантата каде што ги чував апчињата против главоболка и со нив ја гаѓав новинарката. Сите весници пишуваа за инцидентот. Руската „Литература газета“ напиша дека не сум се однесувала примерно. Поради ова, можев да останам без улога во познатиот филм ’Битката на Сутјеска’. Директорот на филмот, Поповиќ, ми се јави да ми каже дека нема да ми ја доделат улогата“ изјавила Дравиќ, која на крајот, сепак, играше во легендарниот филм.

Scroll to Top