Милица Тодоровиќ отворено зборува за депресијата

По 15 години естрадна кариера, пејачката Милица Тодоровиќ  реши да се повлече од сцената.  И ова е нејзина прва пауза во кариерата откако на 13 години почна да се занимава со пеење.

„Од почеток на кариерата сум изложена на патувања, голема одговорност и настапи. Се изморив и одлучив кратко време да здивнам“, рекла Милица во интервју за српското „Стори“.

„Јас сум среќна и уживам во своите вишок килограми. Отсекогаш посакував да личам на женско, да добијам бутови, колкови, стомаче. Можеби би требало да ослабам килограм-два, поточно малку да се затегнам во вежбалница, но ништо радикално“, вели Тодоровиќ. Таа открила и зошто понекогаш е депресивна и меланхолична:

„Ни самата не знам, многу сум чувствителна, во состојба сум да се расплачам поради ситница. Банални нешта умеат да ме извадат од такт, но тоа секогаш го поврзувам со фактот што од 13-та година живеам сама во Белград, без родителите. Отсекогаш патував сама, работам многу без нечија поддршка и можно е, со текот на годините, сето тоа да ми се насобрало. Често се чувствувам осамено, како некаква машина за правење пари. Во тие мигови ми недостасува семејството. Психотерапија ми помага доста кога ‘паѓам’“, рекла Милица Тодоровиќ за српскиот медиум.

Scroll to Top