Милош Биковиќ одбил улога во „Викинзи“

Српскиот актер Милош Биковиќ кој неколку години гради успешна кариера во Русија, во едно скорешно интервју изјави дека одбил улога во хит-серијата „Викинзи“.

„Добив понуда да играм во серијата, но заради однапред договорени ангажмани, не можев да прифатам“, рекол актерот.

Биковиќ во моментов снима филмови и серии паралелно во Србија и во Русија, а неодамна основаше и сопствена продуцентска куќа, „Архангел студиос“.

Премиерата на петтата сезона на „Викинзи“ е закажана за утре, 30 ноември.

Scroll to Top