Мустафа сака да ѝ ги земе децата на Емина

Пред неколку недели пејачката Емина Јаховиќ најави дека по 14 години брак таа и Мустафа Сандал ќе се разведат. Во објавата на Инстаграм, таа напиша дека одлуката ја донеле заедно и дека ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг.

Но, Емина ја тргна оваа објава од својот профил, а во меѓувреме медиумите почнаа да пишуваат дека Мустафа сака да ѝ земе сè, вклучувајќи ги и децата. Според близок пријател на Емина, Мустафа сака да ја остави на улица и целото богатство да го задржи за себе. Истиот извор вели дека Емина најмногу би ја погодило ако остане без децата Јавуз и Јаман.

Според турските закони, сопружниците што се разведуваат не мора да го делат богатството на половина. А ако се докаже дека мајката е виновна за разводот, таткото може да бара целосно старателство над децата. Токму затоа, според пријателот на Емина, Мустафа е во голема предност.

Scroll to Top