Најмалиот син на Тајчи се прости од татка си со емотивна порака

Пред неколку дена од рак почина сопругот на хрватската пејачка Тајчи. Пејачката веднаш напиша дека сега тој е на подобро место и дека веќе не чувствува болка. На емотивен начин од него се простија и нивните деца, а најмладиот син на Тајчи објави фотографија преку која ги пренесе сите свои чувства на тага.

Малиот Блејс нацртал цртеж на кој е запишан часот и датумот кога починал неговиот татко и знакот на суперхеројот Капетан Америка. Под фотографијата напишал „Никогаш нема да те заборавиме и јас секогаш ќе те сакам“.

https://www.instagram.com/p/BbfamUxhaHX/?taken-by=blaisludwig

Scroll to Top