Наташа Беквалац: Алергична сум на лажни морали и лицемерие

Веќе неколку дена Наташа Беквалац ја промовира својата нова песна под името „Црта“, а според првичните реакции, изгледа дека ова ќе биде уште еден нов летен хит.

За време на гостувањата по телевизиите, освен новата песна и наредните планови во кариерата, најчести поставувани прашања, се врзуваат за нејзиниот нов дечко Лука Лазукиќ, за тоа како реагира на коментарите на јавноста, на социјалните мрежи, во медиумите…

Vedra noc a ja trazim oluju Nisam ja ako nisam na struju…🙃

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Во една од емисиите каде гостуваше зборуваше за својот емотивен живот, и за тоа каков маж сака да види покрај себе.

За тоа, дали, штом Лука Лазукиќ е се уште со неа, дали тој е вистинскиот, барем во овој момент. Нагласи дека мора да биде силен и да поднесе силен притисок од јавноста и медиумите, затоа што тоа спаѓа во пакетот аранжман.

Да може да поднесе да биде и сам, без никого, а во други моменти пак да биде подготвен да биде сликан и бркан од страна на папараците. Мора во целиот тој период да истрае до крај. Засега очигледно добро се снаоѓа.

Земајќи ги своите колеги од јавниот живот во предвид, наведе како многумина го кријат тоа што го работат, и тоа што им се случува, поради што многумина мислат дека водат мирен живот, без никакви промени и проблеми, а сето тоа го нарекува лажен морал и тешко лицемерие, нешто што крајно и смета.

На тоа додаде дека најважно и е да биде среќна, а тоа ќе биде само ако живее или ако се однесува како што таа сака, без оглед на тоа што некој ќе рече.

Scroll to Top