Наташа Беквалац ќе се мажи на Ибица

Српската поп-пејачка Наташа Беквалац ќе се мажи третпат. Таа реши да застане на лудиот камен на Ибица далеку од домашните папараци, но далеку и од семејството и ќерката Хана. Свадбената церемонијата ќе се одржи на 25 септември, на 37. роденден на Наташа, во луксузна вила, а таа и нејзиниот свршеник Лука Лазукиќ поканиле само триесет најблиски пријатели со кои ќе ја споделат радоста.

Пејачката смета дека за за ќерка ѝ е најдобро да остане во Белград и да не ги запостави училишните обврски. Во Белград ќе остане и Ира, ќерката на Лука Лазукиќ од првиот брак.

Инаку, Наташа е бремена и го очекува своето второ дете.

Scroll to Top