„Не знам како успеа да се одржи“ – Џеј откри кој е најголемиот коцкар на естрадата!

Човекот за кого со децении се зборува дека на коцка го изгубил богатството, вели дека сепак постои еден човек кој го надминал.

За неколку децении колку што трае неговата кариера, Џеј Рамадановски никогаш не криел дека се коцкал, и го прокоцкал богатството кое многумина не можат да го заработат ни за цел живот.

Како што рекол, на крајот на 2016 година, поради коцката останал без динар во џебот, а перидот во кој ги трошел бескрајните цифри, го памети како најтешкиот во својот живот, а коцката го раскарала и со ќерките.

 

„Беа гневни на мене. Често ми говореа: „Тато, застани малце. Промени се, човече, смири се“. Се обидуваа да ме одвојат од тоа. Но, повторно, за својот живот на крајот самиот донесов одлука“, изјави во таа прилика Џеј.

Како што тврди, повеќе не се коцка, а иако баш него многумина го сметаат за најголем коцкар на естрадата, тој вели дека постои и некој кој го надминал.

„Многу од нив, минаа низ казиното. Лукас е мој брат и не дека го кодошам сега, јас навистина многу прокоцкав, но тој… Не знам ни самиот како успеа да се одржи во сето тоа, но мислам дека ни тој не се коцка повеќе. За мене и него се знае што правевме, останатите тоа го кријат и нема да зборуваат, затоа што немаат муда“, изјави Џеј за неделникот „Стар“.

 

Scroll to Top