Небојша Глоговац итно префрлен во болница

Познатиот српски актер Небојша Глоговац (48) итно е примен во болница и неговата здравствена состојба е сериозна.

Извори блиски до Глоговац велат дека познатиот актер на 24 јануари бил префрлен на Институтот за онкологија во Белград.

Глоговац е тешко болен и неговата здравствена состојба е сериозна, а семејството и неговите најблиски пријатели се со него во најтешките моменти.

Потврдено е од неколку извори дека актерот почнал да ја прима терапијата и сите се надеваат дека Небојша успеал да ја победи опасната болест.

Небојша Глоговац, кој сега ја живее најважната животна битка, е роден 1969 година во Требин и веќе две децении е еден од најдобрите српски актери.

Актерот дипломирал на Факултетот за драмски уметности, во класата на професорот Владимир Јевотиќ, а со него во класот биле и Сергеј Трифуновиќ, Наташа Нинковиќ и Воин Ќетковиќ.

 

 

Scroll to Top