Неда Украден со два факултета, Северина со основно

Многу естрадни ѕвезди го запоставуваат образованието за да ѝ се посветат на музиката, но повеќето од нив се високообразовани. Во српските медиуми деновиве се пишува за тоа кој од пејачите што има завршено.

Најобразована од сите е Неда Украден со завршени два факултета, Правен и Филолошки. Зорица Брунцлик има диплома од Правниот факултет во Ниш. Здравко Чолиќ завршил Економски факултет во Сараево. Водителот Милан Калиниќ е пилот со завршена Пилотска академија, а пејачот Адил е дипломиран криминолог. Ќерката на Весна Змијанац, Николија, завршила студии по меѓународен бизнис во Атина.

Музички најобразовани се Жељко Јоксимовиќ, Билја Крстиќ и Корнелие Ковач – сите имаат завршено Музичка академија.

 

Повеќето од пејачите завршиле средно училиште. Дара Бубамара завршила средно сообраќајно училиште, а Цеца е со средно земјоделско, отсек свињарство. Мира Шкориќ и Драгана Мирковиќ имаат завршено средно трговско училиште. И Јелена Карлеуша завршила средно трговско училиште, но како вонреден ученик. Џеј е автолакер, а Синан Сакиќ е електрозаварувач. Сека Алексиќ по професија е фризерка. Гоца Тржан завршила гимназија, исто како и Ана Бекута.

Ера Ојданиќ завршил само основно училиште. Само основно имаат и Весна Змијанац, Северина, Љуба Аличиќ и Злата Петровиќ.

Scroll to Top