Ненад Пагонис повторно ја навреди Марија Шерифовиќ

Ненад Пагонис, кого изминативе неколку месеци секоја недела го гледаме во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, повторно вербално ја нападна Марија Шерифовиќ. Пред неколку недели Шерифовиќ започна „твитер-војна“ против светскиот шампион во кик-бокс, Пагонис, незадоволна од неговата имитација на Кончита Вурст во шоуто, по што го нарече хомофоб. Пагонис не остана покус, па ги искритикува и неа, но и Јелена Карлеуша, која исто така ја имитираше во шоуто.

Тој неодамна гостуваше во емисијата „Јас тоа така“, на една од српските телевизии, па во еден момент реши повторно да го каже своето мислење за Марија.

„Кога ќе ја погледнете Марија Шерифовиќ, како изгледа и како се облекува, веројатно тука има нешто, нема да речам пореметување, но постои некој несклад во неа, кој ја тера да биде маж“, рекол Ненад во емисијата.

Марија засега нема реакција на оваа провокација од Ненад.

 

 

Scroll to Top