Новак Ѓоковиќ носи охридски бисери

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ носи охридски бисери изработени од охридското семејство Филеви. Ѓоковиќ добил манжетни за кошула и православни бројници направени од оригинален охридски бисер.

Како што пренесува „Сдк.мк“, српскиот тенисер бисерот го добил преку свој познајник кој престојувал во Охрид.

Михаил Филев, кој сега го води семејниот бизнис со охридскиот бисер, рекол дека оригиналниот охридски бисер му го дале на тенискиот ас во  знак на пријателство. Во Охрид оригинален охридски бисер изработуваат само семејствата Филеви и Талеви. Бисерот го прават со материјалот што ја создаваат школките во Индискиот Океан, кој потоа се премачкува со емулзија. Таа се прави според посебна формула што ја знаат само овие две охридски семејства. Главна состојка на емулзијата се крлушките од охридската плашица.

 

Scroll to Top