Новак Ѓоковиќ опериран во Цирих

Новак Ѓоковиќ го оперирал повредениот лакот на десната рака, тврди специјализираниот тениски портал „Блик“. Според овој извор, српскиот тенисер бил опериран во Цирих.

Ѓоковиќ на тенисот му се врати на Австралија опен кога претходно шест месеци паузира поради повредата на лакотот. Паузата и одморот од тенисот не ја подобрија состојбата со повредата, тој во Мелбурн испадна во четврт-финалето од Чунг, а покрај одличната игра на тенисерот од Јужна Кореја, причина за лошата партија на Ѓоковиќ беше и повредата.

Новак на почетокот на неделата два дена бил на специјалистички прегледи во Прага, вчера се појави негова фотографија од Цирих.

„Блик“ тврди дека врз Ѓоковиќ била извршена флеш-операција во Цирих, која треба да ги реши неговите проблеми со повредата.

На клиниката, почитувајќи ја приватноста, не сакале да коментираат дали поранешниот број 1 бил кај нив изминативе денови.

Scroll to Top