Нови три сведоци во случајот со убиството на Јелена ќе направат целосен пресврт

Првиот сведок, кој е подготвен да се појави пред обвинителството и под целосна материјална и кривична одговорност да ги прераскаже деталите за својата средба со Зоран и неговата ќеркичка Јана, би можел во целост да ја сруши приказната на Зоран Марјановиќ за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Откако семејството Крсмановиќ ја ангажира агенцијата ЦФИ со цел да се разреши убиството за Јелена, оттаму е спроведена целосна истрага. Тие сега носат тројца нови сведоци, кои се подготвени да зборуваат за односите во семејството Марјановиќ, но и за денот кога Јелена исчезна.

 

За тоа се известени и полицијата и обвинителството. ЦФИ направила и делумна 3Д-реконструкција на убиството на пејачката. За време на работата на овој случај Крсмановиќ откриле нови докази, но и сведоци што им раскажале голем број детали во врска со убиството што ја потресе цела Србија.

„Сведокот бил на насипот на 2 април 2016 година во периодот во 14.30 часот и ги видел Зоран и Јана кај рампата. Времето за кое тврди дека се случила нивната средба била околу 45 минути пред времето за кое Зоран изјавил дека стигнал на насипот“, вели Ненад Шипка од ЦФИ.

 

Ако се докаже дека тврдењата се точни, тоа значи дека Зоран бил со Јана на спротивната страна од онаа каде што претходно сведочеше дека бил во тој момент кога исчезнала неговата сопруга Јелена.

Откако Зоран бил уапсен на 15 септември, во Центарот се јавил уште еден сведок, комшија на семејството Марјановиќ.

„Според зборовите на овој сведок, тој во петокот на 1 април 2016 година, ден пред исчезнувањето на Јелена, разговарал со пејачката и во таа пригода Јелена го прашала дали ја прскал зелката.

Кога сведокот одговорил дека не го направил тоа, пејачката се израдувала и рекла дека утредента ќе дојде кај него затоа што за викендот испланирала да зготви сармички од зелка.

„Знаејќи дека Јелена е прецизна и се држи до договореното, сведокот се изненадил кога таа во саботата не се појавила. Но, не ја повикал тој ден, верувајќи дека не се случило нешто сериозно“, вели изворот.

Од полицијата истакнуваат дека исказот на пријателите на Јелена сега сериозно може да го доведе во прашање тврдењето на Зоран Марјановиќ дека со сопругата во саботата бил на насипот, како и за тоа дека во овој момент е зголемен сомнежот дека несреќната жена е убиена ноќта меѓу петокот и саботата.

Изјавата на третиот сведок и низата детали што е подготвен да ги изнесе, веројатно би направиле целосен пресврт во истрагата за убиството. Според зборовите на Ненад Шипка, овој сведок наведува дека покрај местото каде што ден подоцна е пронајден телефонот на Јелена, стоел и нејзиниот пријател кој непрекинато ја барал на телефон.

„Оттука, незамисливи се тврдењата дека телефонот е пронајден на таа локација затоа што пријателот кој стоел на тоа место морал ноќта на истрагата во најмала рака да го види светлото на телефонот.

Пријателите на Јелена тврдат дека батеријата на телефонот ѝ била слаба и дека не можела да трае повеќе од два часа. Во врска со тоа, многу е чудно што во тој момент повикот на нејзиниот телефон сигнализирал дека е достапен и дека не се испразнил и покрај направените стотина повици претходно“, додава Шипка.

 

Scroll to Top