Од недела почнува „Твоето лице звучи познато“

Од недела почнува регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато (ТЛЗП)“.

Во шоуто ќе се натпреваруваат десет учесници, актерот Бранислав Лечиќ, пејачката Мира Шкориќ, потоа Драгана Мичаловиќ, Стеван Анѓелковиќ, Едита, Леон, Пагонис, Бане Видаковиќ и Беби Дол.

Меѓу натпреварувачите е и поп-пејачката Тијана Дапчевиќ.

Во новата сезона на ТЛЗП Иван Ивановиќ и Владо Георгиев нема да бидат членови на жирито. Затоа продукцијата се обиде да најде соодветна замена, па така овој пат настапите ќе ги оценуваат Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Андрија Милошевиќ и Александра Радовиќ.

Scroll to Top