Оливер Драгоевиќ поради разните таблети кои ги конзумира останал без слух

Хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ веќе цела година се бори со ракот на белите дробови. Од минатото лето болеста зема сѐ поголем замав, а пејачот мораше да го одложи настапот во Загреб, каде што требаше да настапи на концерт.

„Ѓаволска болест е тоа, малку ослабев, но се надевам на позитивен исход. Најважно е што ќе останам цврст во главата, а и психички се чувствувам добро. Пијам многу лекови. Против болки, за крв, за енергија, па може да се случат и нуспојави. Тешко е се да биде сигурен дека сите таблети се меѓусебно компатибилни. Две недели дури останав без слух. Како ушите да ми беа затнати – изјавил Драгоевиќ.

Scroll to Top