Омер и Дефне ќе снимаат нова серија

По успехот кој го постигнаа со серијата “„Изнајмена љубов“, актерите Бариш Ардуч и Елцин Сангу заедно ќе снимаат нова серија. Во турските медиуми веќе на големо се пишува дека популарната актерска  двојка повторно ќе глуми заедно на филмското платно и тоа во уште една серија чии детали ќе бидат објавени кон почетокот на месец ноември.

Според пишувањата, Елцин и Бариш набрзо треба да започнат со снимања. Со ликовите на Омер и Дефне, турската серија „Изнајмена љубов“ беше прогласена за најдобра серија за 2016 во категоријата романтишна комедија.

Scroll to Top