Лидија Кујовиќ – Нафија била легенда на црногорската музика. Таа била позната не само по раскошниот глас туку и по неверојатната убавина. Направила големи хитови, а заработила и многу пари. Пеела и пред Тито, кој ја обожавал, но потоа судбината си поиграла со неа.
Таа во текот на кариерата останала без пари, па била принудена да си ја продава облеката за да преживее.
Таа веќе не заработувала од кариерата, а тоа и била најголемата болка.