Пејачката Каја Остоиќ ги воодушеви фановите со фотографија од детството

Катарина Остоиќ – Каја се пофали на „Инстаграм“ со фотографија од детството и покажа колку навистина се променила.Пејачката денеска е една од најзгодните српски пејачки и го живее животот како светска ѕвезда, па на социјалните мрежи предизвикува вистински земјотрес кога ќе објави нешто.

Иако досега главно објавува фотографии и снимки од лудите журови, јахтите, егзотичните дестинации или во разни провокативни бикини, Каја на посетителите овој пат им сподели нешто сосема друго.

Ги потсети на тоа како изгледала кога била мала, а со фотографиите го напиша следното:

„Секогаш ценете го детето во себе. Мало е“.

 

Каја денеска е мајка на прекрасната ќерка Николина, има 33 години, а судејќи според фотографиите од детството, изразот и обликот на лицето, таа воопшто не е променета и целосно е препознатлива.

 

Scroll to Top