Пред две години еден Албанец напишал писмо до Србите. Поради зборовите кои тогаш ги ставил на хартија, добил лавина позитивни коментари кои докажале дека полека овие два народи почнуваат да ги разбиваат предрасудите и меѓунационалните бариери.
Авторот тогаш сакал да остане анонимен, и така останало до ден денешен. Се претставил како роден Албанец кој од детството живее во Белград. Како што изјавил, згрозен е од некултурата, хомофобичноста и глупоста кои Албанците и Србите ги разменувале меѓусебно, па испратил писмо кое било објавено на фејсбук-страницата Charles Cater.
Понекогаш дури и се срамел.
Зашти страстите меѓу Албанците и Србите не се смируваат, пишува во ова писмо. Тоа е одлична лекција за сите нас како би требало да биде и како би требало да постапуваме.
Моето име е С***, и јас сум Албанец кој живее во Белград. Да, поторувам, Албанец, но нема да Ви кажам ништо што може да Ве навреди Вас како личност. Бев потикнат да напишам писмо кога го видов видеото ‘Љубовно писмо’ на Вашиот профил. Ми беше срам кога видов колку омраза, хомофобичност и нетрпеливост постои меѓу Србите и Албанците.
Јас сум роден и пораснав во Белград, во главниот град на нашата преубава Србија. Бев одгледан во либерално опкружување и бев научен да ги почитувам разликите и многуте различни етнички групи во Србија. За жал, Албанците на Косово пораснаа на поинаков начин и единствено што тие го научија е омразата кон Србите.