По два спонтани абортусa, Слаѓа Алегро е бремена

Српската пејачка Слаѓа Алегро е бремена. Таа во интервју за магазинот „Стори“ открила дека ќе се породи во јуни и дека претходно двапати имала спонтан абортус. Таа е пресреќна и со нетрпение чека да се породи. Во интервјуто открила дека ќе има ќерка.

„Пред да објавиме дека сум бремена, како и полот на бебето, се договаравме за имиња. Јас предложив три женски, а сопругот три машки имиња. Но, кога дознавме дека е девојче, и двајцата го избравме името Мила“, рекла таа.

Пејачката веќе не крие дека е бремена и со насмевка одговара на сите прашања поврзани со бременоста.

 

Scroll to Top