Почина актерот Небојша Глоговац

Актерот Небојша Глоговац почина во 48. година од животот. Неодамна во јавноста откри дека боледува од рак и дека е во болница на лекување.

Глоговац е роден на 30 август 1969 година во Требиње, во Босна и Херцеговина.

Првата помала улога ја имал во серијата „Подобар живот“. Публиката ќе го памети по улогите во филмовите „Буре барут“, „Молњи“, „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“. Глумел и во сериите „Семејно богатство“, „Мојата роднина од село“, „Ќе се вратат штрковите“. Една од последните улоги му била во серијата „Немањиќи – раѓање на кралството“.

Критичарите го сметаа за еден од најдобрите актери во регионот, а за своите улоги добил бројни награди.

Глоговац од 1996 до 2014 година бил во брак со Мина Глоговац. Од бракот со неа ги имаше синовите Гаврило и Милош. Од врската со Милица Шќепановиќ пред три месеци добил ќерка.

Scroll to Top