Почина мајката на Неда Украден

Анџелија Украден, мајката на српската пејачка Неда Украден, почина на 92-годишна возраст.

Пејачката остана без својата најголема поддршка во животот, а стиховите од својата песна „Мајко, мајко“ ги напиша на црно-бела фотографија од својата мајка.

„Мајко, мајко, теши ја својата ќерка единица, не давај ноќва да ме боли раната на срцето. На кого сега ова ќе му го пејам? Ја нема повеќе мојата мајка, мојот ангел чувар, мојата Анџелија! Патувај со ангелите!“, се прости Неда со својата мајка на „Инстаграм“.

Анџелија боледувала од Алцхајмерова болест и била сместена во дом за стари лица, а пејачката оваа тажна вест ја дознала додека била надвор од Белград.

 

 

Scroll to Top