Под чест ми е да бркам жени без школо

Музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ заврши пред десетина дена, но дури сега некои од учесниците почнаа да откриваат што се случувало на снимањето и какви несогласувања постоеле меѓу нив. Една од кавгите била меѓу Едита Арадиновиќ и Ненад Пагонис. Едита тврди дека Пагонис ѝ се додворувал, а потоа им раскажувал на луѓето што работеле на шоуто дека таа мешала алкохол и апчиња.

„Искрено, Ненад е океј. Ама, мислам дека на секој маж му проработува суетата кога ќе го одбие некоја жена. Тој се претставува како хуманист и спортист, но лично мислам дека треба уште да работи на себе. Луѓето од ТЛЗП ми рекоа дека се многу разочарани затоа што им зборувал дека пијам алкохол и лекови истовремено. Кога јас би кажала работи што ги знам за него, многумина би биле шокирани“, рекла Едита за „Ало“.

Пагонис не ѝ останал должен.

„Јас сум спортист со изградена кариера, а таа е пејачка што допрва треба да се пробие. Не сум ја пцуел како што тврди. Дури и ја бранев, сметајќи дека поради трема пие лекови и алкохол. Таа е девојка од 25 години која си дозволила да зборува за мене, славен спортист. Нејзиниот коментар за суетата на мажите само ме насмеа. Девојките со кои флертував пред да се оженам мораа да имаат факултет, не основно училиште. Под чест ми е да бркам жени без школо“, рекол Ненад.

Ненад беше еден од милениците на публиката во шоуто сè додека не го соблече фустанот по имитацијата на Кончита Вурст и јавните препукувања со Каролина Гочева, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ.

Scroll to Top