Поранешниот цимер од затвор му раскажа на Зоран се за убиството на Јелена

Судбината на Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ марјановиќ, може да ја запечати неговиот цимер од ќелијата, кој вели дека Зоран му кажал се.

Редакцијата на српски Телеграф добила писмо од човек кој тврди дека е цимерот на Зоран и дека знае се за убиството кое веќе година ипол е мистерија.

– Редакцијо, бев во затвор со сопругот на јелена и се ми раскажа. Во затворот порано или подоцна сите пукаат и ја кажуваат вистината, напишал тој.

Засега не го открива своето име, но рекол дека ќе ја раскаже цела приказна.

Јелена беше убиена на 2. април на насипот кај Борча во Црвенка.

Scroll to Top