Притворен Аца Лукас, утрово завршил во болница  

Српскиот пејач Аца Лукас утрово требало да гостува во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Но, тој не се појавил. Водителката Јована Јоксимовиќ објаснила дека тој во 7 часот се јавил за да каже дека не му е добро и дека е во болница. „Ние не сакаме да се сомневаме дека тоа е лага и веруваме дека кога ќе му биде подобро, ќе гостува во студиото“, изјавила водителката.

Фолк-пејачот беше приведен од српската полиција и во притвор помина 48 часа. Причината за тоа е што ја удирал по глава сопругата Соња Вуксановиќ. Српските медиуми пишуваат дека тој влегол насилно во домот на Весна и ја удирал со цела сила со рацете и со главата, а потоа и со ногата. Таа изгубила свест, а подоцна и го пријавила во полиција.

Аца Лукас и на социјалните мрежи најави дека ќе се бори за старателство за ќерката Викторија.

Scroll to Top