Првпат по разводот емотивна исповед на Аца Лукас: Некогаш човек излегува од колосек!

Бурата околу разводот на Аца Лукас и неговата нова девојка не стивнува.

Така пејачот одлучи пред камера да расчисти некои работи.

„Некогаш човек излегува од колосек, излетуваш од шините, те удира нешто и правиш работи кои можеби не се примерни. Не сум ниту јас имун на се.Стојам зад се што кажав, но не требаше да кажам ништо за да не создавам полемики и луѓето да дискутираат кој е во право, кој не. Но некогаш не можеш да издржиш и правиш нешто поради кое после се каеш.Јас тие денови имав неколку излети кои не ми се допаѓаат. Почнав да користам Инстаграм и Фејсбук, а никогаш не ни знаев да ги вклучам. Почнав да гледам што пишуваат идиотите и да се расправам со нив, искрено изјави Лукас.“

Scroll to Top