Ракометарот Вуко Борозан имал сообраќајка

Ракометарот на „Вардар“ Вуко Борозан синоќа доживеал сообраќајна несреќа, во близина на Цетиње. Тој со својот авотмобил излетал од патот, но не се здобил со посериозни повреди. Ракометарот само го повредил мускулот и ќе мора да одмора барем два месеца. Денес треба да му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи за точно да се знае колку ќе отсуствува од ракометните терени, пишува топспорт.мк.

Заради повредата Борозан ќе го пропушти претстојното Европско првенество во ракомет што ќе се одржи во јануари во Хрватска. Црна Гора, за која настапува Борозан, на Европското првенство е наоѓа во групата со Македонија, Словенија и Германија.

Ракометарот на Вардар пред само една недела се ожени со својата долгогодишна девојка Ива.

Scroll to Top