Реагира Весна, сопругата на Оливер Драгоевиќ, по објавите за неговата смрт

Порталот „Сплитски дневник“ во саботата објави лажна информација дека хрватскиот пејач Оливер Драгоевиќ починал.

Социјалните мрежи беа преплавени од коментари и проштални пораки, што го шокира семејството на Оливер, кој боледува од рак на белите дробови и во моментот е на лекување.

Порталот што ја објави лажната вест набргу ја тргна веста, но подоцна повторно ја објави. По низата реакции, порталот ја повлече веста. Новинарката што ја објави лажната вест, повикувајќи се на неофицијални информации од Клиниката за онкологија, беше цел на сопругата на Оливер и на ќерката на близок пријател и соработник на пејачот.

„Еднаш ветив дека ваквите луѓе секогаш ќе ги прозивам. Ова е одговорната уредничка на порталот за кој досега никој нема слушнато, а кој ја објави ‘веста на денот’. Нека се знае дека ваквите ‘вести’ имаат лице“, напиша Ивана, ќерката на пријателот на Оливер.

Набргу по овој статус, се јави и сопругата на Оливер, Весна.

„Ако некој е веродостоен извор на информација, тоа сум јас. Оливер е добро и не е во животозагрозувачка состојба. Им благодарам на незаборавната вечер што ни ја приредија нам, на медицинскиот персонал, на шокот и стресот што го доживеаја нашите пријатели и моето семејство во Дубровник. Ивана, ти благодарам. Сакам да му го видам лицето на кутриот, без и малку емпатија“, напиша Весна Драгоевиќ на објавата на Ивана.

 

 

Scroll to Top