Розга не губи верба во љубовта

Љубовта на Јелена Розга и Стјепан на многумина им служеше како инспирација.

Се свршија, но за свадба немаше никакви планови, а Розга изјави дека ќе останат вечно свршени.

Иако важеа за среќен пар, неодамна тие ставија крај на својата врска, а по тој повод Розга се огласи првпат.

– Секоја грешка и секоја животна одлука за мене беше школо од кое учев. Бев тврдоглава и не ги признавав грешките, но тоа беше процес на учење. Сè што јас сум денес е поради тие грешки и порази. Денес ги признавам грешките, а успесите ги славам. Денес сум повозрасна и го слушам срцето, но и разумот што ми вел, и правам одлука, но само времето ќе покаже дали тие одлуки биле вистински или не – изјавила таа.

Розга, и по љубовниот бродолом, не губи верба во љубовта.

– Секој ден е нов почеток, нова шанса за живот, за љубов и дружење, за славење на убавите нешта во животот, јас за тоа живеам. Човек ја препознава љубовта само тогаш кога ќе ја искуси, без разлика како ја дефинира, љубовта е единствената вистина во историјата на човештвото, а јас сум жена во чие срце секогаш љубовта ќе живее – истакнала Розга за хрватскиот магазин „Стори“.

Scroll to Top