Саша Ковачевиќ уловен со новата девојка

Миленикот на женската публика, пејачот Саша Ковачевиќ, освен што има нов изглед, сега има и нова љубов, која досега вешто успеваше да ја сокрие од јавноста.

Девојката која го освои срцето на Саша, пред три месеци беше поранешна мис на Војводина, Зорана Тасовац, а двајцата, досега, никаде не се појавиле заедно во јавност.

Сепак, фотографијата која осамна на Инстаграм потврди дека Саша и Зорана се во врска, а исто така потврдија и фановите на пејачот на неговиот  налог.

Scroll to Top