Седум клучни докази водат кон убиецот на Јелена

Центарот за форензички истражувања на чело со Ненад Шипка упати барање до обвинителството во Белград да се истражат седумте клучни докази, кои водат до убиецот на пејачката на „Гранд“, Јелена Марјановиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, едно од барањата е да се сослуша И.А., сопственик на комбе, кој тој ден и ден пред исчезнувањето на Јелена нејзин пријател го видел во дворот на семејната куќа на Зоран Марјановиќ, како и на насипот каде што е пронајдена пејачката, недалеку од каналот. Според неофицијални информации, постои сомнение дека Јелена е убиена, па со тоа возило е пренесена на насипот и фрлена во каналот.

Се додава и дека доколку комбето не е уништено, треба детаљно да се прегледа за да се утврди дали во него има некакви траги што може да доведат до врска со злосторството.

Клучни докази се:

1. Да се сослуша И.А., сопственик на комбето,

2. Детаљна истрга на комбето,

3. Проверка на телефонот на Марјановиќ,

4. Испитување на сведокот што го видел Зоран во близина на насипот,

5. Проверка на телефонот на Јелена,

6. Која е девојката со црна коса што трчала на насипот,

7. Сослушување на позната пејачка за објаснување на нејзината улога во пријавувањето на исчезнувањето на Јелена.

Scroll to Top