Сека Алексиќ ги споулаве мажите со фотографии под тушот

Пејачката со неколку фотки во костим за капење целосно ги излуде мажите.

Сека, веќе извесно време ужива во Црна Гора со сопругот Вељко, и синот Јаков, а фановите на социјалните мрежи редовно им посветуваат внимание.

Сека споулаве армија на свои обожаватели, со фотките во црн костим за капење, а првенствено со сликата направена под тушот.

Добила силни комплименти, а под фотката, пејачката остави и интересна порака.

„Научи да го сакаш своето тело… Секогаш нешто ни смета, секогаш нешто би промениле и би сакале нешто да имаме, што го немаме, а тоа што имаме не го цениме! Кога ќе научиш да го сакаш своето тело, какво и да е, ќе ја видиш тајната што се крие во себе“, напиша Сека во коментарот.

Scroll to Top